4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕД-р Хаус: Давање iPad на бебиња е еднакво на злоставување

Д-р Хаус: Давање iPad на бебиња е еднакво на злоставување

бебе-техно

Давање iPad на бебиња е еднакво на злоставување, затоа што тоа е како да играме `руски рулет` со нивниот развој, предупредува психологот д-р Ричард Хаус.

Докторот тврди дека уредите како таблети се непотребни, неприкладни и штетни за толку мали деца, особено за бебињата.

Д-р Хаус, кој ја покренал кампањата „Too Much, Too Soon” (Премногу, пребрзо), спровел истражувања во основни училишта, и констатирал дека младите се зависни од екрани.

Пишувајќи за магазинот Nursery World, тој навел дека давање iPad на бебиња и на мали деца е вознемирувачки за нив, затоа што малите глави електронските слики ги доведуваат до `искривено искуство на светот`.

„Зошто да ги збунуваме децата кога едвај почнале да го разбираат овој свет, не треба да ги воведуваме во виртуелниот техно-магиски свет“, вели психологот.

Како што укажува тој, децата помали од две години не смеат да користат никаква технологија, особено екрани, а поголемите деца, родителите треба да ги ограничуваат што поретко да користат телефони и таблети.

„Се чини дека ароганцијата на модерната технологија не познава граници. Врз основа на она што го тврдам овде давање iPad на бебиња е еднакво на злоставување на детето“, додава д-р Хаус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП