2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАутомотив Груп обезбеди медицинска опрема за Клиниката за детски болести

Аутомотив Груп обезбеди медицинска опрема за Клиниката за детски болести

aac

Вчера вечер во тенискиот клуб АБЦ се одржа официјалното затворање на традиционалниот хуманитарен тениски турнир NISSAN Open 2015 и прогласувањето на најдобрите во сите категории.

Средствата од котизациите на хуманитарниот тениски турнир се наменети за обезбедување на медицинска опрема во износ од 112.500 ден за дечињата од одделот на пулмологија за клиниката за детски болести Скопје. Во форма на чек беа врачени од страна на г. Кирил Калеников – генерален менаџер на Аутомотив Груп, екслузивен застапник на возилата RENAULT, NISSAN и DACIA на директорката на клиниката за детски болести – д.р Аспазија Софијанова која изрази голема благодарност што оваа компанија пет години по ред го користи своето место во корпоративното опкружување за хумани цели и излегува во пресрет на медицинските центри како Клиниката за детски болести.

aab

Тенискиот турнир ќе продолжи да се организира од тимот на NISSAN и во иднина, со што ќе се потрудиме и понатаму да придонесуваме за подобрување на здравјето, соодветно лекување и квалитетен живот на најмалите, како и грижа за здравствениот систем и животната средина.

aac

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП