10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина и Британија размислуваат за поврзување на берзите

Кина и Британија размислуваат за поврзување на берзите

3119

Кина и Британија ќе ја разгледаат можноста за поврзување на Лондонската и Шангајската берза, изјави британскиот министер за финансии Џорџ Озборн, и покрај повеќенеделниот пад на вредноста на азиските берзи.

Во текот на петодневната посета на Кина, со цел промовирање на односите меѓу Британија и втората најголема светска економија, Озборн изјави дека ќе биде спроведена студија за изводливоста на потенцијалното поврзување на Лондонската и Шангајската берза, пренесува Франс прес.

„Во наш интерес е да имаме сериозни и зрели финансиските пазари ширум светот. Мислам дека Лондон како дом на најсериозни и најзрели пазари на капитал може да ја одигра клучната улога во тоа“, наведе британскиот министер. Во ноември минатата година беше покренато поврзување на Шнагајската и берзата во Хонгконг, што на меѓународните инвеститори им овозможи да тргуваат со одредени акции во Шангај, додека на инвеститорите во континентална Кина им беше дадена прилика да купуваат акции на берзата во Хонгконг.

„Би требало повеќе да работиме со Кина, за да оствариме подобра поврзаност со кинеската економија. “Нашите финансиски институции траба да воспостават посилни врски“, изјави Озборн.

Како што оценува Франс прес, кинеските берзи некогаш беа споредувани со казината, а клучниот индекс на Шангајската берза, Шангај композит, скокна за повеќе од 150 проценти во последната година, заклучно со средината на јуни 2015 година, од тогаш, акциите на кинеските берзи загубија околу 40 проценти од вредноста, и покрај настојувањата на официјален Пекинг да ја подигне вредноста на акциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП