17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцузите се помалку купуваат облека

Французите се помалку купуваат облека

prod obleka

Пазарот на облека во Франција продолжи и во 2015-та со негативниот тренд, по седум години континуиран пад, во уште понеповолна економска средина, соопшти францускиот Институт за мода (IFM).

Продажбата во овој сектор во периодот јануари-август 2015-та година опадна за 0,8 отсто во однос на истиот период една година претходно, додека за цела 2014-та стапката на пад изнесувала 1,0 проценти, покажуваат податоците на „IFM“.

И покрај тоа што обемот на продавници не е намален, вредноста на продажбата потона поради негативните трендови. Уделот во купувањето на облека по намалени цени во вкупниот промет според овие информации е зголемен на 42 отсто, и на 60 проценти во однос на е-трговијата.

Големите дистрибутери како „Zarа“ или „HM“ имаа во истиот период пад во продажбата од 1,5 проценти на годишно ниво, додаваат од Институтот.

Позитивни резултати забележаа само трговските ланци на луксузните брендови, профитирајќи од странските туристи, особено од оние од Азија, а благодарејќи на падот на вредноста на еврото. Нивната продажба во периодот пораснала во просек од 4,0 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП