
Велосипедското дефиле по повод Денот без автомобили ќе се одржи денес низ улиците на Скопје.


Велосипедското дефиле по повод Денот без автомобили ќе се одржи денес низ улиците на Скопје.
Стартот, како што е најавено, ќе биде пред Порта Македонија, а потоа велосипедистите ќе се движат по ул.Димитрие Чуповски – бул. Климент Охридски – бул. Партизански одреди, се врти кај Влае- кружниот тек – бул. Партизански одреди – бул. Илинденска – Школка, Градски Парк, која е во должина од 10 км
Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски ќе се обрати на завршниот настан од Европската недела на мобилност (Школка, Градски Парк) заедно со градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и Мартин Клауке, раководител на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во РМ.
По обраќањата ќе следува забавна програма како и извлекување на добитниците на лотаријата, на кои ќе им бидат доделени велосипеди како симбол на користење на алтернативни превозни средства.