ПочетнаЕКОНОМИЈАВкупно 45 нови волонтери од Мировниот Корпус пристигнаа во Македонија

Вкупно 45 нови волонтери од Мировниот Корпус пристигнаа во Македонија

miroven-korpus

Мировниот Корпус на САД на аеродромот Александар Македонски во Скопје, ги пречека 45-те нови волонтери кои ќе служат во Македонија во наредните две години.

Во текот на својата двегодишна служба во Македонија, волонтерите ќе работат на подобрување на наставата по англиски јазик во училиштата и на развојот на заедниците во Македонија.

Заменик амбасадорот на САД Барт Путни беше присутен на пречекот на волонтерите и им посака официјално добредојде во Република Македонија.

„Би сакал да ви се заблагодарам за вашата подготвеност и посветеност да му служите на народот во Македонија. Како амбасадори на добрата волја, влијанието од работата што ја правите тука и доживотните пријателства што ќе ги стекнете, ќе бидат запаметени во следните неколку генерации“ рече Патни.

Од основањето на Мировниот Корпус во Македонија во 1996 година, повеќе од 500 волонтери служеле во земјата со цел да се зајакнат односите меѓу Америка и Македонија. Следната година Мировниот Корпус ќе ја одбележи 20-годишнината од постоењето во Македонија.

На часовите во училиштата, стотици деца ги научиле првите зборови на англиски јазик и имале можност да се запознаат со американската култура. Многу проекти се спроведени во невладините организации и општините со помош на волонтерите кои помагаа со својата стручност и желба.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП