19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна судењето на романскиот премиер Понта

Започна судењето на романскиот премиер Понта

ponta22

Судењето за корупција против романскиот премиер Виктор Понта започна во понеделникот во Букурешт, но тој не присуствуваше на првото рочиште.

Социјалдемократот Виктор Понта, којшто е првиот романски премиер кому му се суди во текот на траењето на мандатот, тврди дека е невин. Инаку не беше задолжително неговото присуство на сослушувањето пред судот.

„Не бев повикан, но подготвен сум да заминам и да се појавам пред судиите, во надеж дека ќе ме сослушаат и ќе им го објаснам она што му е јасно на студент на втора година по право“, изјави 43-годишниот Понта за новинарите по состанокот на врвот на неговата партија.

Притоа повторно ја исклучи можноста да поднесе оставка и изјави дека за Романија е важно да има стабилност.

На власт од 2012 година, Понта е првиот премиер во историјата на Романија кој ќе треба да се брани од обвинувањата пред судот, додека уште е на функција. Обвинет е за „17 случаи на фалсификување, соучесништво во даночни затајувања и перење пари“, за дела сторени во периодот од 2007 до 2011 година додека бил адвокат.

Романското обвинителство за корупција DNA го сомничи за судир на интереси при именувања министри, кога во три случаи тоа било лице кое му е блиско, на кое исто така ќе му се суди.

Романското обвинителство објави во средината на август дека го запленило станот на Понта, откако било утврдено дека ја оштетил државата за 11,58 евра со учество во даночна евазија. Романскиот премиер, кој ги отфрла ваквите обвиненија, ги обвини обвинителите дека „манипулираат со јавното мнение“ и објавуваат нецелосни информации. Тој е обвинет за фалсификување и учество во даночно затајување и перење пари.

Истрагата се однесува на периодот кога Понта бил адвокат и соработувал со Дан Сова, поранешен министер за сообраќај во неговата влада, кој исто така е под истрага поради корупција.

Обвинителството тврди дека адвокатската канцеларија на Сова му платила на Понта одредена сума за работа којашто не ја извршил, и тоа го искористил за одбивање на даноците, со што ја оштетил државата. Понта, пак, тврди дека платил повеќе данок отколку што наводно ја оштетил државата.

Виктор Понта одби да се повлече од должноста кога започна истрагата, меѓутоа се повлече од челната позиција во владејачката Социјалдемократска партија. Во јуни годинава го преживеа гласањето за доверба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП