4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалениот број на ископини во САД ја поттикна цената на нафтата

Намалениот број на ископини во САД ја поттикна цената на нафтата

nafta kop

Денеска цената на нафтата скокна на светските берзи под влијание на сигналите за забавување на американското производство и проценките дека актуелното ниво на цени ги прави неекономични околу 1.500 милијарди долари планираните инвестиции во производството во САД.

На лондонската берза цената на барелот порасна за 70 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 48,17 долари. За ист износ порасна и цената на барелот на американската берза, на 45,38 долари.

Поради силното зголемување на глобалното производство цената на нафтата е преполовена во однос на минатогодишниот јуни и нејзиното актуелно ниво ја доведува во прашање исплатливоста пред се на американското производство на нафта од шкрилци.

Официјалните податоци покажуваат дека американските производители три недели по ред го намалуваат бројот на активни ископини.

„Падот на бројот на активни ископини во САД го поттикна пазарот, кој инаку беше во надолен тренд“, констатира Тамаш Варга од лондонски PVM Oil Associates.

Врз основа на податоците за падот на бројот на ископини во инвестициската банка Goldman Sachs проценуваат дека американското производство помеѓу вториот и четвртиот квартал оваа година се намали за над 250 илјади барели дневно.

Еуген Вајнбер од франкфуртска Commerzbank напоменува дека намалувањето на американското производство би требало од темел да ги промени пазарните фундаменти и да ја подигне цената на нафтата.

„Уверени сме дека првите сигнали за намалување на производството во САД ќе биде најава за долгорочен и темелен процес за стабилизација на нафтениот пазар“, рече Вајнберг.

Ниската цена на нафтата би можела долгорочно да влијае на производството на нафта, напоменува Reuters.

„Операторите во просек настојуваат да ги намалат трошоците за 20 до 30 отсто по проект, а преку стегање во услужниот сектор можат во синџирот на снабдување да постигнат само околу 10 до 15 отсто по проект, наведуваат од консултантската компанија Wood Mackenzie.

„Цената на нафтата од 50 долари по барел ги чинат неекономни планираните 1.500 милијарди долари инвестиции на нови конвенционални проекти и на неконвенцијално производство на нафта во Северна Америка“, пресметаа во WoodMackenzie.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП