28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадската администрација се вклучи во чистење на Водно

Градската администрација се вклучи во чистење на Водно

vodno cistenje

Советници во Советот на Град Скопје, вработени во градската администрација и јавните градски претпријатија, претставници на невладини организации, граѓани и ученици во средните училишта на Град Скопје денеска се вклучија во акција за расчистување и уредување на Парк-шумата „Водно“.

Акцијата со мото „Скопје дише со Водно“ е дел од активностите на шестиот ден од „Европската недела на мобилност 2015“.

Учесниците во акцијата ги расчистуваа расфрланите отпадоци околу паркинзите на Средно Водно, на патот кон Нерези, на локалитетот Марково Крувче, на врвот на Водно и по падините на планината, а вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ ја косеа тревата, ги поткаструваа гранките на дрвјата и го уредуваа зеленилото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП