25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДелегација на Малезиските стопанственици ќе ја посетат Македонија

Делегација на Малезиските стопанственици ќе ја посетат Македонија

photo- Malezija

Денеска во Куала Лумпур, Малезија се одржува втор глобален самит за слободни економски зони, каде што како претставници од Македонија учествуваат Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Висар Фида, придружуван од промотерот на Македонија во Малезија Тони Атанасовски.

На маргините на самитот директорот на агенцијата оствари средби со претседателот и потпретседателот на Малезиската стопанска комора.
На средбата иницирано е и договорено годинава делегација на Малезиски стопанственици да ја посетат Македонија со цел запознавање на условите за инвестирање и соработка со македонските компании.

Во Малезија директорот на Агенцијата и промотерот на Македонија во Малезија остварија средби со владини претставници од земјата и неколку угледни малезиски компании од областа на електрониката, инфраструктурата и логистика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП