17 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНаскоро нов таблет на Samsung

Наскоро нов таблет на Samsung

galaxy-tab-7.7

„Samsung“ работи на развој на новиот „Android“ таблет кој би требало да конкурира на моќните „Sony Xperia Tablet Z“ и „Apple iPad“.

Пред две години „Samsung Galaxy Tab 7.7“ беше таблет наречен „желба“ затоа што за првпат го користеа „Super AMOLED Plus“ екранот, а одличните останати карактеристики практично на пазарот го оставија без конкуренција. Но овие причини му помогнаа на „Samsung“ само тогаш, но фактот дека конкуренцијата никогаш не спие ги натера да го креираат нов „Full HD AMOLED“ таблет со поголеми диагонали.

Еден од изворите од „Samsung“ го потврди развојот на новиот таблет, но не беа објавени дијагоналите, сепак се предвидува дека тие ќе бидат најверојатно меѓу 10.1 и 11.6 инчи. Премиерата треба да се очекува на годинешниот саем „IFA 2013“ кој ќе се оддржи во Берлин оваа есен за кога „Samsung“ ја најави и премиерата на паметниот телефон „Samsung Galaxy Note 3“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП