4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЧудотворен еликсир за одлично здравје: Го топи салото, ја чисти крвта и...

Чудотворен еликсир за одлично здравје: Го топи салото, ја чисти крвта и го намалува холестеролот

95777_profimedia0144908446_630x0

За благодетите на медот сме пишувале многу пати, а само една мала лажичка содржи дури 70 различни состојки.

Циметот пак е еден од најстарите познати зачини, кој што се споменува веќе 2.800 години пред новата ера, а првата забелешка за циметот доаѓа од стара Кина.

Во народната кинеска медицина, циметот има репутација како лек за настинка и грип, а се користи со чај и свеж ѓумбир. Помага и при проблеми со дигестивниот систем (поради присуството на состојката тиамин), ја ревитализира крвта и нервите.

Доколку користите напиток подготвен според овој рецепт, со сигурност набрзо ќе бидете уверени и во неговите резултати.

Навечер пред спиење, во стаклен сад ставете две мали лажички цимет и една голема супена лажица мед. Изрендајте малку свеж ѓумбир, околу една мала лажичка, и состојките прелијте ги со 200 милилитри зовриена вода. На крајот додадете три лажици сок од лимон и покријте ја шолјата со тацна.

После половина час испијте половина од чајот, непосредно пред да си легнете, а преостанатата половина испијте ја наутро, на празен желудник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП