10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba е феномен

Alibaba е феномен

alibaba

На пат да стане најголема економија во светот, Кина се соочува со уште една пресвртница – овој пат тоа е онлајн продавница.

На кинескиот пазар онлајн продавниците постепено го престигнуваат САД, и една од нејзините гигантски компании наречена “Alibaba” веќе доминира на пазарот, пренесува британскиот весник The Economist.

Оваа компанија, според одредени критериуми, веќе стана најголемата компанија во светот во областа на е-трговијата, додека два од порталите на “Alibaba” минатата година направиле продажба од 1,1 милијарди јуани (170 милијарди долари), што е повеќе од американските eBay и Амазон заедно.

“Alibaba” е на пат да стане првата компанија во областа на онлајн продажбата која ќе има годишни трансакции од билион долари. И покрај ваквиот извонреден успех, многу луѓе надвор од Кина едвај и да го забележале растот на оваа приватна компанија.

Тоа сепак би можело наскоро да се промени, откако основачот на компанијата, поранешен професор по англиски со прекар Џеко Ма, најави дека во мај ќе му ја предаде функцијата извршен директор на Џонатан Лу.

Кратко потоа, компанијата ќе ги објави деталите за иницијална јавна понуда на акции, а се проценува дека вкупната пазарна вредност на компанијата “Alibaba” може се процени помеѓу 55 и 120 милијарди долари.

“Alibaba” досега беше една од најдобрите иновации и јасен показател за тоа како во Кина може да се добие предност.

“еBay е можеби ајкула во океанот, но Alibaba е крокодил во Јангце реката. Ако се бориме во океанот, би можеле да изгубиме, но ако се бориме во реката, сигурно ќе победиме”, вели Ма.

Ма е познат како алигаторот од Јангце, во 1999 година ја основал компанијата заедно со сајтот Alibaba.com, бизнис портал кој ги поврзува малите кинески производители со странските купувачи. Неговиот следен изум е потрошувачкиот портал Taobao, кој продава речиси една милијарда производи, и е на листата на 20-те најпосетени сајтови во светот.

Компанијата “Alibaba”, сепак може да постигне и побрз раст. Се проценува дека до 2020 година, кинескиот пазар на онлајн продавници може да биде поголем од постојните пазари во САД, Велика Британија, Јапонија, Германија и Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП