21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФестивалот на питите и виното „Велешка питијада 2015 година“ од 9 до...

Фестивалот на питите и виното „Велешка питијада 2015 година“ од 9 до 11 октомври

велеска-питијада

Фестивалот на питите и виното „Велешка питијада 2015 година“ се одржува по дванаесетти пат.

Пишаниот документ со која располага Општина Велес за питата пастрмајлија како автохтон производ датира од 1869 година и се наоѓа во цариградските архиви. Истите записите укажуваат дека во тоа време во Велес се произведувале по 150.000 оки домашно вино годишно. Затоа и денес питата и виното не одат едно без друго.

Општина Велес питата пастрмајлија како свој бренд ја слави како најголем гастрономски специјалитет. Во нејзина чест и во име на традицијата годинешната питијада е најмасовната манифестација што ја организира општината. Три дена угостителите неуморно ќе работат да ги пречекаат сите гости што ќе го посетат Велес на 9, 10 и 11-ти октомври.

Во музичкиот дел ќе настапат – првата вечер на 9.10. (петок) од 18:00 часот групата „Маестро”, велешката музичка група „Виртус”, Зуица Лазова, Благоја Грујовски, Анета и група „Молика”, Тамбураши „Равница” и Миле Кузмановски. Вечерта ќе заврши со караоке забава пред кафетериите.

На 10.11. (сабота) – во вечерните часови ќе настапи популарниот млад изведувач Боби Мојсовски, Влатко Лозаноски, Елена Ристеска и „Парни Ваљак” – бендот што не се симнува од првите места на балканската естрада. Забавата ќе продолжи во Градскиот парк, каде на помошното игралиште настап ќе имаат познатите ДЏ Никифор, Г’не и Бокац.

На 11.10. (недела) од 18:00 часот бината е резервирана за Ален Хасановиќ, Филип Божиновски, Александар Тарабунов, Калиопи и ДНК со чиј настап и официјално ќе ја заокружи годинешната манифестација.

Преку цел ден ќе биде организирана програма со велешки естрадни уметници од петок од 12:00 часот па до недела до 18:00 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП