8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСобранието повторно отворено за посети од страна на граѓаните

Собранието повторно отворено за посети од страна на граѓаните

sobranieto-ieto

Собранието повторно ќе биде отворено за посета од страна на граѓаните, кои секој последен петок во месецот ќе имаат шанса да го посетат Законодавниот дом, соопштуваат од собраниската прес-служба.

Од таму додаваат дека поради изведување на градежни работи на зградата на Собранието на Република Македонија, посетите на граѓаните беа времено прекинати. Сега повторно се отвора можност граѓаните да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност.

Посетителите ќе имаат можност да го посетат свечениот дел на Собранието и да добијат одговор на нивните прашања, додаваат од прес-службата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП