27 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАПромовирана книгата “Заштита на малцинствата и нивниот третман во Република Албанија”

Промовирана книгата “Заштита на малцинствата и нивниот третман во Република Албанија”

kniga-malcinstva-albanija

Во Тирана е промовирана книгата “Заштита на малцинствата и нивниот третман во Република Албанија” од авторот Јонлинда Хада.

Во книгата се говори за малцинствата во Република Албанија како македонското, грчкото, потоа Србо-Црногорците, ромското и влашкото. Исто така, се зборува и за непризнатите Бошњаци и Еѓипќани.

Авторката ги пренесува сопствените истражувања околку малцинствата во Албанија, нивната состојба и нивните барања. Исто така, во книгата се анализира и законската рамка во Република Албанија за малциствата.

Според промоторите, овaа книгa многу ќе помогне за осознавање на состојбата на малцинствата во Албанија и нивна промоција, а со самото тоа и на македонското малцинство во Република Албанија.

Македонското друштво Илинден ја поздрави објавата на оваа книга и оценува дека со вакви публикации се обелоденува вистината за позицијата на малцинствата во Албанија, чии права треба бидат исполнети целосно и да бидат во согласност со меѓународните конвенции .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП