20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови странски компании почнуваат бизнис во Македонија

Нови странски компании почнуваат бизнис во Македонија

bbb

Техникал Текстајл, Дијатек, ОДВ Електрик се дел од странските компании кои инвестираат во земјава. Прогнозите се дека во новите фабрики ќе има вработување за 2.750 луѓе. Инвестицијата на Техникал Текстајл е вредна 10 милиони евра, а се планираат 1000 вработувања. Во компанијата Кондево се очекува да се отвораат 250 работни места, а инвестиција е во вкупна вредност од над 40 милиони евра. Инвестицијата на италијанската Дијатек е над 10 милиони евра и најмалку 250 вработувања. ОДВ Електрик инвестира 15 милиони евра. До крајот на годината планираат да вработат до 1.000 луѓе.

Компаниите од индустриските зони реализираат една третина од вкупниот извоз на Македонија. До крајот на годинава, со веќе најавените нови странски инвеститори, проектирано е да се креираат над 15 илјади работни места.

Зголемен извозот од зоните

Странските инвеститори во ТИРЗ работат со полна пареа, нарачките од европските партнери се зголемуваат, се ангажираат нови работници за да се задоволи зголемената побарувачка. Во првата половина од годинава, вредноста на испорачаните стоки надмина 700 милиони евра, што претставува раст од 31 процент во однос на лани.

„Кај сите компании кои се функционални и активно работат е зголемен бројот на нарачки од нивните партнери од Европа. Очекуваме со почетокот на работа на другите компании во зоните да се зголемува и вредноста на извозот“ – вели директорот на слободните економски зони, Виктор Мизо.

Во наредниот период нови креатори на македонскиот извоз ќе бидат и италијански „Дијатек“, германски „Техникал Текстајлс“, како и американски „Капкон“ во Бунарџик, компанијата за производство на инфлатори за воздушни перничиња.

Освен од зоните, активни се и странските инвеститори кои се позиционирани надвор од слободните економски зони, како „Амфенол“, „Кромберг и Шуберт“, „Антура“, „Дрекселмајер“ кои генерираат зголемен извоз.

Според Мизо, од особено големо значење е соработката меѓу странските компании кои инвестираат во земјава и домашните фирми. Се поголем е бројот на домашни компании кои работат како добавувачи , а тоа значи простор за нови работни места, трансфер на знаење и технологија и крајниот ефект е поконкурентна економија. Во моментов, околу 500 домашни фирми соработуваат со странските инвеститори.

Во спроведеното истражување за новоотворени работни места од странски инвеститори, растот изнесува 223%. Од 1.556 работни места кои странците ги креирале во 2013-та година, лани е достигната бројка од 5.020.

За споредба, просечниот раст на новоотворени работни места како резултат на СДИ на ниво на Европа изнесува 12%. Вкупно биле креирани 185.583 работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП