4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски: Низ Скопје се градат проекти вредни 27 милиони евра

Груевски: Низ Скопје се градат проекти вредни 27 милиони евра

gruevski-shuto-orizari

Инвестицијата вредна три милиони евра, ќе го реши проблемот со водата за пиење на околу 40 илјади жители во општината Шуто Оризари, рече во недела премиерот Никола Груевски, при посетата на оваа скопска општина.

Тој додаде дека во Скопје во моментот се градат проекти кои се започнати или објавени во вредност од околу 27 милиони евра.

„Изградабата на водоводот го почнавме со месец јуни и оди со одлична динамика, според планот. Во моментот се работи на изградба на резервоарот и на препумпната станица. Така што, некаде во третиот квартал следната година, односно втората половина на следната година треба да биде целосно завршен и жителите на ова населено место да добијат вода во своите домови од овој нов систем и да престанат проблемите на жителите на Шуто Оризари, кои се поврзуваат со недостаток на вода особено во летните периоди“, рече премиерот Никола Груевски, по започнувањето со градба на спортската сала во општината Шуто Оризари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП