17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроширени и санирани повеќе планински патишта на Стогово

Проширени и санирани повеќе планински патишта на Стогово

stogovo-debar

Предадени се во употреба 23 километри планински патишта, што се санирани и проширени на планината Стогово кај Дебар.

На свеченоста на која присуствуваше директорот на ЈП „Пасишта“ Лулзим Фејзулаху, претставникот на општина Дебар Или Мирзо и повеќе сточари од општина Дебар, беше нагласено дека патот кој стартува кај селото Гари во Мала Река поминува низ десетина летни пасишта и бачила и завршува кај бачилата Османица.

Директорот Фејзулаху нагласи дека со оваа активност се создаде можност сите сточари од дебарско жупскиот регион да можат почесто со свој превоз да дојдат до бачилата.

Активноста која е реализирана со сопствени средства на Јавното претпријатие и субвенциите што ги дава Министерството за земјоделие на Македонија гарантираат развој на сточарството и зголемување на бројот на стадата во овој регион.

Секретарот на општина Дебар Или Мирзо го поздрави проектот на ЈП „Пасишта“ и нагласи дека сега дебарските сточари, но и оние од целиот регион, ќе можат многу подобро да си ги реализираат своите сточарски активности и покрај стадата да го зголемат и производството на традиционалното бело сирење.

Деновиве во Регионот на Долна Река во општина Маврово и Ростуше кон Жировничка планина исто така беше предаден во употреба планински пат кој беше саниран и проширен во должина од 10 км .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП