6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕУтринските лоши вести нé прават депресивни и помалку продуктивни

Утринските лоши вести нé прават депресивни и помалку продуктивни

vesti 333

Неодамнешно американско истражување покажало дека лошите и негативни утрински вести нé прават подепресивни и помалку продуктивни, се наведува во студијата објавена во списанието Harvard Business Review.

Научниците истакнуваа дека лошите вести коишто ќе ги слушнеме наутро го поткопуваат нашиот работен елан, па со тоа и ја намалуваат продуктивноста на работното место.

Истражувањето го потврдува фактот дека насекаде сме изложени на вести, на радио телевизија, во весниците, преку мобилните уреди на социјалните мрежи, и дека во голем дел тие се негативни. Само неколку минути негативни вести влијаат на расположението на човекот, предупредуваат научниците.

Истражувањето било спроведено со учество на 110 испитаници кои биле поделени во две групи: едната три минути гледала негативни вести пред 10 часот наутро, а другата три минути гледала вести кои се концентрирани на изнаоѓање решенија, со кои се изградува уверувањето дека однесувањето е важно.

Шест часа подоцна учесниците во истражувањето ги пополниле прашалниците, кои требало да покажат дали се под стрес. Тестот покажал дека лицата коишто биле изложени на лоши вести имаат 27 отсто повеќе изгледи дека во текот на денот ќе бидат лошо расположени, депримирани или под стрес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП