29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMoody's го намали кредитниот рејтинг на Франција

Moody’s го намали кредитниот рејтинг на Франција

pariz

Aгенцијата „Moody’s“ го намали кредитниот рејтинг на Франција за еден степен – од „Аа1“ на „Аа2“, повикувајќи се на слабоста на среднорочната перспектива за економски раст на земјата, пишува „Wall Street Journal“.

Истовремено агенцијата ги зголеми изгледите за Франција од негативна на стабилна.

„Moody’s“ смета дека слабиот раст на среден рок ќе биде „пречка“ за „секаков суштински пресврт во големото должничко време на Франција во догледна иднина“.

Агенцијата вели дека „кредитоспособноста на Франција останува исклучително висока“, а земјата има „голема, богата и добро насочувана економија“.

Според „Moody’s“, Франција има релативно поволен демографски профил и не се очекува долгорочно да има намалување на нејзиното население во работоспособната возраст.

Во средата францускиот министер за финансии Мишел Сапен изјави дека економскиот раст на земјата ќе се забрза во 2016-та година и владата ќе го исполни ветувањето за намалување на буџетскиот дефицит.

Претседателот Франсоа Оланд вети дека неговата политика ќе помогне за постигнување на забрзувањето на економскиот раст до 1,5% во 2016-та година од 1%, колку што очекуваат од Владата за оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП