25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоделени наградите и медалите на Јуниорската балканска олимпијада по информатика

Доделени наградите и медалите на Јуниорската балканска олимпијада по информатика

јуниорска

Наградите и медалите на Јуниорската балканска олимпијада по информатика, врвен настан во програмирање кој претходи на Балканската и Интернационалната олимпијада по информатика, беа доделени на свечена церемонија во Охрид.

Македонија годинава е домаќин на настанот, кој од 14 до 19 септември се одржува во Охрид, во организација на Здружението на информатичарите на Македонија.

Јуниорската балканска олимпијада по информатика вклучува ученици на возраст до 15,5 години, а се одржува по деветти пат со учество на членки на Балканската иницијатива: Македонија, Кипар, Романија, Молдавија, Грција, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија, како и Полска и Словенија, кои добија специјални покани за учество.

Најдобар учесник на настанот беше ученикот од Полска Јулиус Фам, а најдобар официјален учесник беше Романецот Овидиу Разван Харшан. Освојувач на бронзен медал и најдобар учесник од Македонија беше Марко Чаласан. Наградите ги врачи претставник на Министерството за информатичко општество и администрација.

Секоја земја учествува со тим кој се состои од четири натпреварувачи, лидер и заменик лидер на тимот. Учениците се натпреваруваат во решавање на алгоритамски проблеми во два натпреварувачки дена.

Според претседателот на Здружението на информатичарите на Македонија, Миле Јованов, кој беше и претседавач на Олимпијадата, настанот ја потврдува определбата на Македонија да ја поддржува информатиката за да изгради информатичко општество и притоа креаторите на истото да се македонските информатичари.

„Ваквите натпревари кои се за најдобрите натпреварувачи од секоја земја претставуваат и поттик за сите останати ученици да се заинтересираат околу информатиката и програмирањето. Учениците учесници кои ќе постигнат значајни резултати на вакви олимпијади добиваат можност бесплатно да студираат на најпрестижните универзитети во светот“, истакна Јованов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП