19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинималецот во БиХ пет пати помал од потрошувачката кошница

Минималецот во БиХ пет пати помал од потрошувачката кошница

5270912155e4465a5a1b3698368997_w640

Минималната заработка во Босна и Херцеговина (БиХ) изнесува околу 370 конвертибилни марки, односно 190 евра.

Таа е така за речиси пет пати помала од најевтината, т.н синдикална потрошувачка кошница која изнесува 1,800 конвертибилни марки.

Тоа значи дека работниците во БиХ со минимална заработка едвај составуваат крај со крај, пренесуваат локалните медиуми.

„Минималецот“ во БиХ е во подредена положба во споредба со најниските плати во регионот, која во Црна Гора изнесува 193 евра, во Хрватска 396 евра, а во Словенија 791 евро.

„Сепак полоша е состојбата во Србија, каде најниската плата изнесува сиромашни 180 евра, во Македонија 131 евро, а во Албанија 149 евра, пренесува порталот Независни вести.

Во спордба со развиените земји, минималецот во БиХ, како што се наведува, е за 10 пати „потенок“ отколку во Луксембург каде работниците со најниска плата месечно добиваат 1.923 евра, во Германија 1.473 евра, а во Холандија 1.502 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП