7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва се трите најскапи градови во светот

Ова се трите најскапи градови во светот

196522981755fd1bcdc41b0189890558_w640

Швајцарските градови Цирих и Женева се на самиот врв на листата на најскапи градови во светот, пред Њујорк, покажува анализата на швајцарската финансиска групација UBS.

Резултатите од истражувањето покажаа дека на едно семејство од три члена во Цирих му се потребни повеќе од 3.600 долари месечно за живот, базирајќи се на потрошувачката кошница од 122 производи и услуги, во која не се вклучени трошоците за наем на стан.

Според оваа пресметка Женева е на второто место, со потребни 3.500 долари месечно, а Њујорк е на третата позиција со потребни 3.340 долари месечно.

Кога ќе се вклучат трошоците за изнајмување на стан, американските градови автоматски го заземаат првото место, бидејќи цената на двособен наместен стан таму изнесува во просек 4.320 долари месечно во споредба со цената од 2,390 долари во Цирих.

Од друга страна, најмалку скап град во светот е Киев, каде за живот на едно семејство во просек се потребни 1.273 долари, а цената за изнајмување на стан изнесува 540 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП