14 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА47 секунди мудрост на Хозе Мухика (видео)

47 секунди мудрост на Хозе Мухика (видео)

El-grande-Jose-Mujica-660x330

Поранешниот претседател на Уругвај освен по скромноста, познат е и по своите мудрости кои се пренесени ширум светот…

Една таква мудрост се наоѓа во ова видео од 47 секунди, каде Хозе Мухика ја демистифицира суштината на денешното потрошувачко општество.

Овој поранешен претседател живее на фарма со својата сопруга, возел „буба“, а коа таа не била во возна состојба на работа одел пешки.

Hose-Muhika-Urugvaj8

Тој секојдневно им помага на комшиите околу домашните работи, често времето го поминува со своите домашни миленици, а за себе задржувал само 10 проценти од претседателската плата.

hose-muhika-najsiromasniji-predsednik-na-svetu

Од 12,500 долари, колку што изнесувала неговата плата, задржувал само 1.250 кои ги трошел за основните животни намирници, а остатокот го давал во хуманитарни цели и за изградба на станови за самохраните мајки.

hose-muhika-posteni-predsednik-urugvaja

Во неговиот кабинет во текот на ноќта преспиваа бездомниците во Уругвај, а Мухика е позат и по скромното облекување, дури и на официјалните собири со повеќе претседатели и претставници на други земји.

jose_01

Своето големо срце го отвори и во екот на бегалската криза, кога својата куќа ја понуди за привремен дом за стотина сириски бегалци. Во неколку наврати беше наречен „Најсиромашниот претседател во светот“.

hose-muhika-uzgajanje-baste

Уругвај во 2013 година беше прогласена за земја на годината поради реформите кои Мухика ги спроведе, а кои првенствено се однесуваа на легализацијата на марихуаната и геј браковите.

Погледнете ја пораката на Мухико за потрошувачкото општество од 47 секунди.

„Измисливме планина од преголеми потреби. Имаш потреба да купуваш, потреба да фрлаш… Ги трошиме своите животи купувајќи. Кога ќе купам нешто, или кога ти ќе купиш нешто, ние тоа не го плаќаме со пари, го плаќаме со времето од нашиот живот, со времето кое сме го потрошиле за да ги заработиме тие пари. Разликата е во тоа што животот не можеш да го купиш. Животот продолжува понатаму. Ужасно е да трошиш губејќи ја својата слобода“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП