3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата под 49 долари, Фед загрижен за светската економија

Цената на нафтата под 49 долари, Фед загрижен за светската економија

nafta 39222

Цената на нафтата се задржа денеска на светските берзи под 49 долари за барел, откако американската централна банка изрази загриженост за здравјето на светската економија, а големите производители сигнализира дека немаат намера да го намалат производството.

На лондонскиот пазар цената на барелот околу пладне беше речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 48,93 долари. На американскиот пазар со барелот се тргува по 57 центи пониска цена, од 46,33 долари.

Фед вчера одлучи да не ги крева клучните каматни стапки од најниско ниво во историјата, образложувајќи ја својата одлука со неизвесноста во поглед на глобалниот економски раст.

Пазарот на нафта  беше поделен во поглед на оваа одлука, која ја притисна цената на стоките и на акциите, но и доларот, што ја зајакна куповната моќ на оние кои имаат останати валути, а со тоа и на побарувачката за нафта.

„Продолжувањето во недоглед на политиката на нулта каматна стапка би требало да пружи одредена доза на базична поддршка на берзите“ ,смета Оливие Јакоб од швајцарски Petromatrix.

Цената во Лондон е на пат да оствари прва добивка за три недели, што укажува на промена на трендот.

Растот на цената на нафтата го сопреа и пораките на големите производители, како Кувајт, дека нафтениот пазар само се врамнотежува, но дека тој процес ќе потрае, сигнализирајќи и со тоа поддршка на политиката на OPEC да го брани пазарниот удел и покрај падот на цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП