23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАGoldman Sachs: Цената на нафтата нема да расте уште долго време

Goldman Sachs: Цената на нафтата нема да расте уште долго време

goldman

Цената на сировата нафта би можела да остане на ниско ниво во следните 15 години, сметаат аналитичарите на американската инвестициска банка Goldman Sachs.

Постои околу 50 отстотна можност цената на нафтата да падне за 20 долари, откако во ноември ќе дојде до редовно затворање на рафинериите поради одржување, рече во интервју за Bloomberg, Џефри Кари, раководител на истражувањето за стокови пазари во Goldman Sachs.

Долгорочната прогноза на цената на нафтата е на околу 50 долари.

Goldman Sachs ја намали прогнозата на цената на нафтата на светските берзи претходно во овој месец, бидејќи моментните вишоци се покажаа поголеми од очекуваното, додека производството не опадна доволно брзо за да се намали понудата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП