11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Србија од 1-ви декември онлајн надзор над јавните финансии

Во Србија од 1-ви декември онлајн надзор над јавните финансии

dinari srbija 333

„UNDP“ и компанијата „Информатика“ во Србија потпишаа договор за изработка на портал за надзор над јавните финансии, кој ќе почне да работи од 1-ви декември.

Порталот ќе почне да работи истовремено со новата Канцеларија за буџет.

Претседателот на Собранискиот одбор за финансии, Верољуб Арсиќ по тој повод изјави дека овој договор ќе претставува прва фаза од проектот со кој се спроведува акцискиот план на Владата на Србија и Националната стратегија за борбата против корупцијата.

„Многумина ги нарекуваат експерти, кои имаат апокалиптични предвидувања за јавните финансии во Србија, па ќе ги замолчиме со овој портал затоа што преку него ќе може во реално време да се следи, на пример, колку е јавниот долг на Србија, колку се зголемува или намалува“, порача тој на конференцијата за новинари во српскиот парламент.

Функционирањето на тој портал значително ќе го зголеми капацитетите за надзор над јавните финансии и на граѓаните ќе им овозможи далеку подобар увид, како се трошат буџетските средства.

Арсиќ напомена дека на почетокот ќе се добиваат информации во видовите на приходи и класификација на трошењето на јавните средства на неделно ниво, а подоцна и на дневно.

Тој со претставниците на Вестминистерската фондација потпиша меморандум за разбирање за воведувањето на Канцеларијата за буџет, која исто така значајно, со споментиот портал, ќе го засили надзорот над јавните финансии.

„Србија оди со сериозни чекори во реформски процеси и не гледам причина и ние да немаме таков портал, кога го имаат многу посериозни парламенти“, нагласи Арсиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП