3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОвие грешки ги спречуваат возрасните и искусни работници да најдат нова работа

Овие грешки ги спречуваат возрасните и искусни работници да најдат нова работа

Closeup portrait, stressed, overwhelmed, sad, elderly business man, broker, bank worker troubled by budget numbers, unhappy with contract, shredding papers in hands, isolated white background

Возрасните и искусни работници тешко пронаоѓаат прилика за нова работа, а дел од вината за тоа имаат и тие самите, бидејќи знаат потполно несвесно, да бидат статични кон модерните деловни правила и подложни на предрасуди во однос на своите млади колеги.

1. Додека се вработени не мислат дека е потребно дополнително да се усовршуваат

Работата повеќе не е статична, како што можеби беше некогаш. Позицијата која некој ја обавува бара постојана посветеност и усовршување. Ако работодавецот на своите вработени им нуди обуки, курсеви, искусните работници најчесто мислат дека тие се наменети само за новиот персонал и не одлучуваат да ги посетуваат.

2. Мислат дека ќе работат во компанијата се до пензија

Ова е смешна претпоставка, особено за компании кои постојано ги намалуваат трошоците. Во реалноста веќе ниту една работа не е сигурна за цел живот. Тоа е уште една причина себе си да се направите уште поспособни.

3. Не поминуваат време на работа дружејќи се со младите колеги

Иако мислите дека немате многу заедничко со колегите кои се помлади од вас дури и неколку децении, важно е да умеете да комуницирате со нив и да научите убаво да го поделите работниот простор со нив.

4. Всушност немаат стратегија за излез или план за пензија

Околу 48 проценти од нив нема да бидат во можност себеси да си ги обезбедат потребните средства по заминувањето во пензија. Ова го покренува прашањето, што и како да се промени?

5. Не сакаат да учат од младите

Старите вработени не сакаат да научат ништо од младите лица, кои се многу способни и снаодливи не само во светот на новата технологија туку и во бизнис процесите, сметајќи дека тоа е понижувачки бидејќи тие имаат многу поголемо искуство од нив. Сите оние кои сакаат да успеат потребно е да преминат преку ова неточно верување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП