20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИднината е во електромобилите

Иднината е во електромобилите

електомобилите

Обука за електрични возила, електровелосипеди и електромопеди за ученици во основните и средните училишта од Скопје, се одржа во петок на полигонот на Машинскиот факултет и Факултетот за електротехника.

Обуката е дел од активностите на третиот ден од „Европската недела на мобилност 2015“. Учениците се запознаа со различните видови електромобили и користа од нивната примена, а се интересираа за нивните перформанси.

Активностите на третиот ден од ЕНМ 2015 се одвиваат под мотото „Иднината е во електромобилите, грижи се за својата иднина“, а ги спроведува невладината организација „Електромобилност“ во соработка со Градот Скопје.

На полигонот на Машинскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии денеска до 17 часот се одржува експо на електрични и хибридни возила. Закажани се и повеќе предавања и работилници на кои за електричните возила, за нивните перформанси и користа за животната средина ќе зборуваат предавачи од земјава и од странство, како и лица што направиле конверзија на своето возило во електромобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП