19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови 46 волонтери од Америка пристигнуваат во Македонија

Нови 46 волонтери од Америка пристигнуваат во Македонија

volonteri 333

Уште 46 Американци ќе се приклучат на групата до околу 500 американски државјани, кои престојуваат или престојувале  Македонија од 1996 година, со цел да служат како волонтери во Мировниот корпус.

По пристигнувањето во недела, 20-ти септември точно во 11:40 часот, американските волонтери ќе работат на подобрување на наставата по англиски јазик во училиштата и на развојот на заедниците во Македонија во текот на својата двегодишна служба.

Директорката на Мировниот корпус во Македонија, Кетлин Кори, заедно со вработените во недела ќе ги пречекаат на аеродромот волонтерите за да им посакаат добредојде.

„Убаво е кога се пречекува уште една група волонтери во Македонија“, изјави директорката на Мировниот корпус, Кетлин Кори.

„Придонесот на Мировниот корпус во Македонија е огромен. Заемната размена на искуства и знаење што го добиваат двете страни, народот во Македонија и волонтерите, ги прави напорите на Мировниот корпус навистина значајни“, додаде Кори.

Новите волонтери, кои се на возраст меѓу 20 и 60 години, ќе работат во соработка со Министерството за образование, Министерството за локална самоуправа и Министерството за труд.

Новата група волонтери, која воедно претставува 20-те група волонтери коишто живеат и работат во Македонија, ќе ги поминат првите 11 седмици во обука, којашто ќе вклучува изучување на македонскиот и/или албанскиот јазик и култура, и ќе живеат во македонски/албански семејства.

Во почетокот на декември, волонтерите ќе бидат распоредени на различни локации низ Македонија, каде што ќе почнат со својата работа за областа на развојот на заедницата или во улога на наставници по англиски јазик. Тие ќе бидат вклучени во работата на локалните невладини организации, општини и основни и средни училишта низ Македонија, во руралните места, и ќе работат во тесна соработка со локалните партнери.

Мировниот корпус е основан во 1961 година, од американскиот претседател Џон Ф. Кенеди, и има три цели: Да се обезбедат волонтери коишто ќе дадат свој придонес во развојот на заинтересираните земји преку размена на информации и искуства; Да помогне луѓето од земјата домаќин да имаат подобро разбирање за луѓето од Америка; и Да помогне луѓето од Америка да стекнат подобро разбирање за народите од земјите низ светот.

Преку своите активности, доброволците на Мировниот Корпус промовираат мир во меѓународната заедница и подобро разбирање меѓу луѓето од различни култури и традиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП