27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА93% од студентите обучени во академиите на њу менс бизнис акцелераторот се...

93% од студентите обучени во академиите на њу менс бизнис акцелераторот се стекнаа со вработување

cbb

Во Големата Сала на Град Скопје беа презентирани резултатите од Проектот Тренинзи за напредни ИКТ вештини реализиран од страна на Њу Менс Бизнис Акцелераторот а поддржан од страна на ЈЕС мрежата на УСАИД и Локалниот економски социјален совет на Град Скопје (ЛЕСС).

Проектот беше реализиран во периодот од Јануари до Јули 2015 година и со истиот беа опфатени вкупно 15 невработени лица на возраст од 19 до 27 години со различно формално образование, и истите учествуваа на интензивни обуки од 3 области: Моделирање и 3Д анимација, Графички и Веб дизајн и Развивање на Веб и Клауд апликации. Вкупно беа одржани 214 часа обука кои освен разивање на технички и стручни вештини опфаќаа и развивање на кариерни вештини за полесно вработување.

Проектот го поддржаа и технолошки и креативни компании од Македонија чии претставници кои учествуваа во дефинирањето на програмите, како: Фх3х, ИБОРН, Вокс Тенео, Феро Инвест, Модулар. Овие компании подоцна понудија и дво месечни пракси за учесниците кои резултираа дури 14 од 15те учесници (93 % од учесниците) да добијат понуди за работа и да обезбедат вработување.

Сертификатите на сите учесници заеднички ги доделија Градоначалникот на Град Скопје г-дин Коце Трајановски и Директорот на УСАИД мисијата во Македонија Џејмс Стајн, а присутните ги поздравија и Директорот на ЈЕС мрежа на УСАИД Ѓорги Кушевски и претседателот на ЛЕСС на Град Скопје Тихомир Климоски.

Редовните програми на Њу Менс Бизнис Акцелераторот се изведуваат во период 9 месеци во 6 различни области: Развивање на Веб, Клауд и Мобилни апликации, Развивање и дизајн на компјутерски игри, Графички и Веб дизајн и Нови медиуми, 3Д Моделирање, Анимација и Визуелни ефекти, Компјутерски мрежи и сајбербезбедност и се составени од 6 месеци обука (вкупно 472 часа) и 3 месеци пракса во компании. Уписите за генерацијата 2015/16 се отворени до крајот на месец септември а програмата стартува на средината на месец октомври. Во рамки на сите редовни програми учесниците имаат можност да посетат и 2 неделен едукативен и практичен камп во Соединетите Американски Држави (Сан Франциско и Лос Анџелес) каде одат на посета на компании од светски ранг како Гугл, Рапид7, Близард, Аутодеск Истражувачките центри на НАСА, бројни иновативни компании и старт-ап компании, со цел да се запознаат со модерните начини на работа и истите потоа да можат да ги применат во компаниите од Македонија или пак да се одлучат за отпочнување на сопствен бизнис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП