19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД призна: Биткоинот е валута

САД призна: Биткоинот е валута

bitkoinot

Виртуелните пари се официјално стока, исто како нафтата или пченицата, според одлуката на американската Комисија за трговија со стокови термински договори (CFTC), известува Блумберг.

Американската комисија за прв пат презема акции против една нерегистрирана биткоин платформа за тргување со опциони договори, наредувајќи и да прекине со работењето и ставајќи така точка на претходно покрената кривична постапка, пренесува порталот Koindesk.

Имено, CFTC ја обвини старт ап компанијата Koinflip, која работи под името Derivabit и нејзиниот извршен директор Франсиск Риордан за работењето со опциони термински договори без претходно регистрирана дејност кај агенцијата и без исполнување на одредени прописи.

Во пресудата, CFTC исто така потврди дека биткоинот и други дигитални валути всушност се стока која е опфатена со американскиот Закон за стокова размена (CEA).

После овој чекор, CFTC им обезбеди уверување на властите дека ќе го надгледува тргувањето со криптовалутните опции и договори и во случај на прекршување на прописите или манипулација ќе покрене кривична постапка, наведува Блумберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП