18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOracle забележа разочарувачки приходи во првиот квартал

Oracle забележа разочарувачки приходи во првиот квартал

oracle office20

Приходите од продажба на „Oracle Corp.“ се намалија повеќе од очекуваното во првиот квартал, а причина за тоа беше силниот долар и континуираниот пад на продажбата на лиценциран софтвер. Компанијата предупреди дека нејзините приходи може да паднат во сегашниот квартал, дури и при константна валута, пренесува „Ројтерс“.

Слично на своите конкуренти „SAP“, „IBM“ и „Microsoft“, „Oracle“ се стреми да ги стимулира базираните интернет продажби, за да го стигне најбрзорастечките конкуренти, како „Salesforce.com“.

Но аналитичарите претходно изјавија дека бизнисот на „Oracle“ со софтверот кој е поврзан со облачните услуги, расте доволно брзо за да се справи со намалувањето на продажбата на лиценцираниот софтвер на 38-годишната компанија. Овој пад се должи на различни причини – од бавното прифаќање на софтверот од корисниците до големата конкуренција.

Приходите на „Oracle“ се намалија за 1,7% до 8,45 милијарди долари во текот на кварталот кој заврши на 31-ви август, откако не успеаја да ги оправдаат очекувањата на аналитичарите за третиот последователен квартал.

Продажбата се зголеми за 7 отсто во постојана валута. Прогнозата на „Oracle“ за нејзините приходи во сегашниот квартал e дека тие се разликуваат меѓу пад од 2% до раст од 1%.

Нето добивката на компанијата се намали за 20% или до 1,75 милијарди долари во првиот квартал. Ако се изземат одредени елементи, нејзиниот профит е 53 центи по акција, што е повеќе од очекуваните 52 центи по акција од страна на аналитичарите.

Приходите од продажбата на „Oracle“ софтверот за облачни услуги и платформи како услуги се зголемија за 34 проценти или до 451 милиони долари. Лиценците за традиционален софтвер сепак се намалија за 16% или до 1,51 милијарди долари.

„Wall Street“ очекуваше облачните услуги да донесат 35% зголемување на продажбата, а лиценците на софтвер да се намалат за 17% според „RBC Capital Markets“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП