13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСАД: GM мора да плати речиси 1,5 милијарди долари порамнување на државата...

САД: GM мора да плати речиси 1,5 милијарди долари порамнување на државата и граѓаните

General Motors

Американскиот производител на автомобили General Motors(GM) ќе плати 575 милиони долари за порамнување по стотиците граѓански тужби против оваа компанија заради многубројните несреќи со смртни последици и повреди предизвикани со откажувањето на контакт-бравата на автомобилите, додека на државата ќе и плати 900 милиони долари.

Компанијата објави дека постигна договор со еден адвокат од Тексас за порамнувањето во 1,38 илјади парници.

Контакт-бравите се исклучувале од вибрации за време на возењето, па возачите, со престанувањето на работата на моторот останувале без серво уредот за управување и сопирање, што довело до редица несреќи.

Пари ќе бидат дадени и за порамнување по колективната тужба на акционери од минатата година заради падот на вредноста на акциите по вина на GM, кој со години го прикривал проблемот со евтините контакт-брави во повеќе модели.

Јавното обвинителство на САД постигна договор со GM за порамнување со државата по основ на кривичниот процес заради дефектните контакт брави.

Така, покрај 575 милиони на тужителите, компанијата на државата ќе и плати 900 милиони американски долари казна за да запре гонењето заради измама на купувачите на автомобили со фабричка грешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП