17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто подготвува Централната банка на Швајцарија?

Што подготвува Централната банка на Швајцарија?

franak 333

Инвеститорите беа нервозни пред одлуката на „Фед“, а еврото поради тоа се врати на ниво над 1,13 долари.

Посебно внимание во Европа беше фокусирано на Централната банка на Швајцарија (SNB), која не ја промени одлуката за официјалната каматна стапка, која и онака веќе е негативна. Постојат гласини дека „SNB“ уште еднаш ќе ги намали каматните стапки, па така да ја зајакнат својата валута (франк).

Податоците за малопродажбата во Велика Британија имаа влијание на движењето на фунтата по позитивниот извештај за пазарот на труд, кој беше објавен во средата.

Поради тоа што „Фед“ и натаму е главна тема, учесниците на пазарот сериозно го сфатија намалувањето на кредитниот рејтинг на Јапонија од страна од агенцијата „S & P“, за една скала на „A+“. Oва намалување е во склад со другите рејтинг агенции како што се „Мудис“ и „Фич“.

Доларот зајакна на 120,92 јени, што претставува раст од околу 0,3 проценти. Еврото зајакна за 0,6 проценти или на 136,89 jени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП