15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на нето профитот на Prada

Пад на нето профитот на Prada

pradaklcr9g

Италијанската модна куќа „Prada“ објави пад на нето профитот од 23 проценти во првата половина од својата фискална година од 23 проценти.

Оваа модна куќа е соочена со падот поради забавувањето на нејзиниот бизнис во азиско-пацифичкиот регион, пред се во Хонгконг и Макао.

Нето профитот на „Prada“ опадна на 188,6 милиони евра, што е 0,07 eвра по акција, во текот на првите шест месеци од тековната деловна година, заклучно со 31 јули, додека во истот период минатата година изнесуваше 244,8 милиони евра.

Во вториот квартал од тековната деловна година, нето профитот на „Prada“ достигна 129,8 милиони евра, додека аналитичарите очекуваа дека ќе биде 118,8 милиони евра.

Приходите во првите шест месеци се зголемени за 4,2 проценти, на 1,82 милијарди евра, соопшти компанијата, потврдувајќи ги прелиминарните податоци објавени минатиот месец, пренесува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП