2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГаличките сирења на фестивалот во Бра, Италија

Галичките сирења на фестивалот во Бра, Италија

cheese

Познат низ светот како „Cheese“, Фестивалот на сирење кој се одржува во Бра-Пиедмонт Италија, е еден од најголемите настани во светот кои се посветени на сирењето. Овој фестивал е од суштинско значење не само за Италија, туку за целиот свет и е опишан како најголема колекција на квалитетни сирења.

Секоја втора година, во средината на септември во организација на Слоу Фуд се одржува овој четири дневен настан. Започнувајќи од денес, 18 до 21 септември се очекуваат околу 150.000 љубители на сирење, овчари, експерти, новинари да бидат дел од овој настан.

Улиците на Бра ќе бидат поплавени од производители кои се дојдени да ги промовираат своите производ,и а се под закана од неизбежните пазарни сили.

Оваа година фестивалот се фокусира на производите од кревките екосистеми на планините загрозени од индустрискиот развој. Овчарите и мајсторите за сирење кои живеат и работат секој ден на планините во Европа се соочуваат со критична ситуација и се под ризик да се изгубат некои вековни култури. Зголемениот индустриски развој осиромаши голем дел од населението и многу традиционални техники за сирење се замрени. Но и покрај овие проблеми, планините се уште претставуваат дом на едно неверојатно наследство на сирење. Благодарение на биодиверзитетот кој изобилува со извонредно богатство, практиката на изнесување на добитокот на испаша, свежо измолзеното млеко како и употребата на занаетчиски техники создаваат производи со уникатен квалитет.

„Посетата на еден фестивал посветен исклучиво на сирењата, производ кој се прави од „иста“ суровина но чиј краен резултат може да варира во илјадници различни производи, секој со посебен изглед, вкус и приказна е искуство кое може да се доживее само на фестивалот во Бра. Затоа посетата на овој фестивал од страна на неколку производители и експерти од Македонија ја сметаме за доста важна и очекувам истата да даде резултати во понатамошното спроведување на проектот Заштита и промоција на традиционалните сирења од фарма“, изјави координаторот на проектот Елена Каровска.

Во текот на овие четири дена ќе се истражуваат проблемите со кои се соочуваат производителите од планинските региони, како и пронаоѓање на решенија за истите преку конференции, дебати и состаноци.

На Cheese 2015 ќе се даде посебно значење како да се дојде до согласност на европските хигиенски регулативи а притоа да не се загрози локалното знаење и традиција. Справувањата со прашањата за флексибилност и хигиенски мерки е важна тема каде производителите секојдневно се соочуваат со тешкотии кои се поврзани со строгите хигиенски правила.

Во Турција и Македонија постои тенденција да дојде до спроведување на регулативите од страна на владите без соодветно разбирање на самите регулативи при што малите производители ги жртвуваат своите производи. Како дел од програмата Еразмус + координиран од Универзитетот во Ардахан, кој имаат за цел да го зачуваат занаетчискиот начин на производство, сугерирајќи флексибилни примени на прописите за хигиена, земајќи ги во предвид традиционалните техники и докажувајќи дека производите од сирово млеко за една нација се безбедни за потрошувачите. Овие точки ќе се стават на дискусија на конференцијата на 21 септември на која ќе се вмешаат Шпанија, Турција и Македонија. Еден дел од конференцијата ќе биде посветен на сирењата од Мавровско-Реканскиот регион (галичкиот кашкавал и бело дебарско сирење) кои воедно се и прв президиум на Слоу Фуд во Македонија. Покрај друго, преку дегустација својата улога ќе ја добие и биеното сирење кое ќе не претставува со својата автентичност од Македонија.

Слоу Фуд во свој стил, како и сите настани така и на Cheese ги обединува задоволството со добра храна, подигање на свеста и одговорноста во нејзиното рационално користење како и заштита на животните.

На ова издание на Cheese во фокусот ќе биде Шпанија со зачудувачки број на сирења достапни за дегустација, покажувајќи им на посетителите дека има и повеќе од сирењето Манчего. Со повеќе од 200 видови на сирења, Шпанија ќе биде почестен гостин на Cheese 2015.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП