8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini претстави Huracan со отворен покрив (фото+видео)

Lamborghini претстави Huracan со отворен покрив (фото+видео)

lambospyder

На саемот во Франкфурт премиера имаше „Huracan Spyder“. Дизајнот на автомобилот е превземен од стандардниот „Huracan“, a визуелните разлики меѓу двата модели главно се сведуваат на покривната површина.

„Spyder“ има подвижен мек покрив кој се подигнува или спушта во рок од 17 секунди, кога автомобилот е паркиран или при брзина до 50 km/h.

lambospyder1

Купувачите покрај бојата на каросеријата, можат да изберат и една од трите понудени нијанси на платнениот покрив, а тој може да биде црн, кафен или црвен.

„Lamborghini“ автомобилот го опреми со штитника од ветер, кои може потреба да се постават или отстранат, со цел да се намали страничното струење на воздухот и да подобри комфорот при возењето со спуштен покрив.

lambospyder2

„Huracan Spyder“ е тежок 1.542 kg, при што односот на масата по осовина (предна/задна) 43:57.

Погонската моќ ја добива од познатиот 5.2 литарски V10 мотор со 610 ks (449 kW) и 560 Nm (како и кај верзијата со цврст покрив).

lambospyder3

На автомобилот му се потребни 3,4 секунди од мирување да стигне до 100 km/h, додека максималната брзина е 324 km/h.

Испораката ќе започне пролетта 2016-та, a „Huracan Spyder“ ќе се продава по цена од 186.450 eвра, без данок кој се разликува од земја до земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП