26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците се уморни од спасување членки на еврозоната

Германците се уморни од спасување членки на еврозоната

germanci-umorni

Германците се уморни од плаќање сметки од финансиските неуспеси на еврозоната, а Берлин повторно е се соочува со обвинување дека изневерил друга членка на еврозоната – овој пат Кипар, пишува весникот Гардијан.

“Германците се подготвени да прифатат дека имаат поголема одговорност кон остатокот од Европа отколку која било друга членка на ЕУ, но расте чувството на бес со прифаќањето на вината за проблемите на другите држави членки”, изјави за весникот.

“Не постои ниту еден спасувачки пакет без гаранција од Германија, а само ние, Германците,  сме соочени со критики, односно со нескриена омраза”, вели Хуго Милер-Вог, водечки коментатор за германскиот весник Билд, тврдејќи дека од Германците направија жртвено јагне на Европа.

Вог ги наведе навредите со кои се соочија Германците во последните неколку дена, додека расте кипарската криза, вклучувајќи ја канцеларката Меркел со мустаќи од Хитлер на постери во Никозија и кинење на германското знаме од Германската Амбасада.

“Ние Германците сме виновни за сите проблеми.”

За шест месеци канцеларка Ангела Меркел треба да се соочува со изборите во Германија, и за неа е многу битно тоа прашање. Доколку нејзините гласачи дека повеќе се грижи за богатите Британци и Русите, кои своите пари ги вложуваат во кипарските банки за да добијат повеќе камата и даночни бенефити, и фактот дека Германците претрпеа замрзнување на каматните стапки и зголемување на трошоците на живот, истото може да и се врати многу лошо.

Германската лобистичка група Даночно лудило (Steuer Wahnsinn) изрази разочарување од тоа што руските олигарси и мафијаши може да изведат најголема корист од помошта на ЕУ.

“Тие ги сместија нивните испрани пари во кипарските банки, и дали е возможно парите од нашите даночни обврзници да се користат за спасување на нивните милијарди”, поставила прашање оваа група.

Додека еврогрупата се уште предупредува на “домино ефект” доколку Кипар не добие помош, другите, како што е Френк Шафлер, член на германските Либерали, коалициониот партнер на канцеларката Меркел, предупреди, дека ако Германија продолжи да покажува “солидарност”, на спасувањето ќе му нема крај. “Одбивам да го поддржам изместениот израз – Солидарност во Европа”, изјави Шафлер во интервју за Ханделсблат.

“Ако ова продолжи, многу наскоро ќе ги спасуваме и Андора и Сан Марино, бидејќи тие имаат тесни економски врски со другите земји во криза, како што се Италија и Шпанија”, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП