6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски најави реконструкција на пет болници и нова болница во Штип

Груевски најави реконструкција на пет болници и нова болница во Штип

gruevski-pres

Изградба на нова болница во Штип и темелни реконструкции на болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, на болниците во Битола и Прилеп, на Клиничката болница за хируршки болести Свети „Наум Охридски“ во Скопје и реконструкција на болницата во Кичево, којашто е веќе започната, најави премиерот Никола Груевски.

„Се работи за инвестиција од околу 40 милиони евра која ќе се заврши во наредната една година“, изјави Груевски.

Реконструкцијата на петте и изградбата на нова болница во Штип треба да почнат до крајот на годината и да завршат за период од околу една година.

Тој најави седум нови детски градинки до крајот на годинава и нова спортска сала во Домот за деца без родители „11 Октомври“ вредна 28 милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП