18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНовата програма на Apple може да иницира раст на акциите од 70%

Новата програма на Apple може да иницира раст на акциите од 70%

znak apple

Цената на акциите на „Apple“ се зголемија во последните денови. Тоа сепак не се должи на новиот смартфон „iPhone 6S“, туку на амбициите на компанијата поврзани со програмата за надградба на сегашните уреди на корисниците.

Американците плаќаат придонеси за хипотека, придонеси за кредитни картички, а зошто да не плаќаат придонеси и за тоа да ги поседуваат најновите уреди на компанијата, сметаат од „Apple“.

Амбициите на програмата „Apple Upgrade Program“ го претвора во одреден степен гигантот во лизинг компанија. Според финансискиот план, корисниците се согласуваат да плаќаат по 32 долари месечно за 16 гигабајтната верзија на новиот „iPhone“. Ова вклучува гаранција и правото корисниците да бидат меѓу првите кои ќе го добијат новиот модел кој ќе се појави следната година.

Главната предност на новата програма е фактот дека „Apple“ ќе си обезбеди загарантирана продажба, како и тоа дека ќе продолжи да ги продава смартфоните по 650 долари, (иако на одложено плаќање), во ерата на опаѓање на цените на уредите.

Ако „Apple“ има успех во регрутирањето на корисници, тогаш влијанието врз финансиите на компанијата може да е огромно. Од „UBS“ предвидуваат дека акциите на компанијата може да поскапат за околу 70% во однос на сегашните нивоа до 200 долари поради новиот прилив на средства од програмата. Многу е веројатно Apple да стане првата компанија во светот со пазарна капитализација од над 1 илјада милијарда долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП