28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките на Кипар наложија ограничување од 100 евра дневно за повлекување од...

Банките на Кипар наложија ограничување од 100 евра дневно за повлекување од банкомат

kipar-bankomat

Сите кипарски банки наложија ограничување до 100 евра дневно за сумата која може да биде повлечена од нивните банкомати, соопшти владин претставник.

Сите банки во земјата се затворени од 16 март со одлука на владата поради опасноста луѓето масовно да ги повлекуваат своите пари од сметките, пренесува БТА.

Портпаролот на втората по големина банка на островот – Народната банка, која во четвртокот сумата ја ограничи на 260 евра дневно, соопшти дека мерката стапува во сила во 13 часот по локално време и оти останува предвиденото за вторник отворање на банката или до потврдата од Европската централна банка дека ќе продолжи вонредната финансиска помош за кипарските банки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП