18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи пораснаа во очекување на одлуката на Fed, доларот јакне а...

Азиските берзи пораснаа во очекување на одлуката на Fed, доларот јакне а нафтата на вчерашното ниво

stock-market

На азиските берзи денес цените на акциите пораснаа, достигнувајќи го највисокото ниво во последните три седмици, додека вложувачите нестрпливо ја очекуваат одлуката на гувернерите на американската централна банка Federal Reserve (Fed) за каматните стапки.

На токиската берза индексот Nikkei во претпладневното тргување беше во плус повеќе од 1 отсто, додека цените на берзите во Јужна Кореја, Австралија, Сингапур, во Шангај и Хонгконг пораснаа меѓу 0,1 и 1,2 отсто. Благодарејќи на тоа, MSCI индексот на азиско-пацифичките акции без јапонските претпладнето беше во плус од 0,8 отсто, достигнувајќи го највисокото ниво во последните три седмици.

Доброто расположение на пазарите во регионот е резултат на растот на берзанските индекси на Волстрит во средата, втор ден по ред. Меѓутоа, се тргува воздржано, бидејќи челниците на американската централна банка, по дводневната седница, ќе ја објават својата одлука за каматните стапки.

Додека минатата седмици повеќето аналитичарите прогнозираа дека Fed на оваа седница ќе ги зголеми каматите, благодарејќи на стабилниот раст на американската економија, сега се очекува дека централната банка ќе се воздржи поради неодамнешните потреси на финансиските пазар, во прв ред на кинескиот.

„Пред Fed е тешка одлука. Дури и доколку неговите челници одлучат да ги зголемат каматите, ќе мора да бидат многу внимателни како ќе комуницира натамошниот развој на ситуацијата во врска со каматите, бидејќи глобалните пазари и натаму се ранливи“, вели во анкетата на Reuters Стивен Чиу, стратег во „Мitsubishi UFJ Financial Group“.

Позитивни на азиските берзи влијаеше и стабилизацијата на кинеските берзи, на коишто цените во четвртокот претпладнето стагнираа, откако во средата скокнаа за 5 отсто. Ваквото движење дојде благодарејќи на надежите на инвеститорите дека властите во Пекинг ќе воведат нови поттикнувачки мерки, за да го поддржат растот на втората според големината светска економија.

На валутните пазари владее претпазливост пред одлуката на Fed, при што американскиот долар зајакна во однос на јапонскиот јен. Така во четвртокот утрото неговиот курс достигна 12,70 јени, додека во средата во истиот период од денот изнесуваше 12,20 јени. Во односот на еврото, пак, доларот е стабилен, па цената на европската валута се движи во рамките на нивото од средата од околу 1,1290 долари.

На нафтените пазари цените стабилно се одржуваат на нивото од средата, кога скокнаа за речиси 6 отсто, откако падот на резервите во САД ги разбуди надежите за зголемување на побарувачката. На американскиот пазар цената на нафтата во четвртокот претпладнето се движи околу 47,15 долари за барел, додека на лондонскиот пазар е околу 49,80 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП