18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоставени шест препумпни уреди за фекалната канализација во населба Илинден

Поставени шест препумпни уреди за фекалната канализација во населба Илинден

kanalizacija kadino 33

Шест препумпни уреди, како завршен дел од првиот сегмент од фекалната канализација во насeлба Илинден, се поставуваат во рамките на реализацијата на капиталниот проект на Општина Илинден „Изградба на фекална канализација за прифаќање, третман и одведување на отпадните води“.

Досега се изградени 3.400 метри канализационен систем и комплетно е изградена и инсталирана пречистителна станица со капацитет од 1.250 еквивалент/жители. Со изградбата на овој дел од фекалната канализација се решава проблемот со отпадните фекални води на околу 330 домаќинства од населба Илинден.

Инсталираната пречистителна станица е комплетно автоматизирана и претставува модуларен систем што зафаќа мал простор, има мала потрошувачка на електрична енергија и може да се надградува во согласност со зголемувањето на капацитетот на еквивалент жители.

Вкупната вредност на овој проект изнесува 30 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Илинден.

Се планира градежните активности да бидат завршени до крајот на месец септември и системот да биде пуштен во употреба.

Покрај овој сегмент од фекалната канализација, досега комплетно изградени и предадени во употреба се два система во населените места Марино и Кадино.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП