10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБерово ќе ги подига капацитетите на индивидуалните туристички објекти

Берово ќе ги подига капацитетите на индивидуалните туристички објекти

berovo

Општина Берово во соработка со Мировен Корпус започна со реализација на проект за подигање на капацитетите на индивидуалните туристички сместувачки објекти во Берово.

Проектот има за цел да ги вклучи сите сопственици на вили и куќи за сместување кои заеднички со претставниците од општинската администрација ќе работат на подобрување на условите и зајакнување на човечките капацитети за промоција на туризмот.

Според проектот е предвидено одржување на дводневна работилница на која ќе бидат разработени модули за категоризација на сместувачките капацитети и законската регулатива за тој сектор и запознавање со можностите за сопствена промоција на индивидуалните туристички капацитети со користење на новите алатки како што се Booking, Trip Advisоr, изработка на веб страни, промоција на социјални мрежи и сл.На работилницата ќе се вклучат и ученици од средното училиште во Берово од насоката за туризам.

Според проектот ќе биде изработен веб сај на кој ќе можат да се промовираат сите туристички капацитети на територијата на општината. А сместувачките објекти ќе добијат табли за обележување и категоријата на туристичките објекти.

Работилницата ќе се одржи на 23 и 24 септември во Бизнис Инкубаторот во Берово. Проектот се реализира со финансиска поддршка на Мировен Корпус од програмата Спа и буџетот на Општина Берово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП