
Инстант лотаријата „ ТВИНГОМАНИЈА “ на Државна лотарија на Македонија , изнуди насмевка кај еден млад човек од Прилеп, кој моментално студира во Скопје на Архитектонскиот Факултет. Среќникот од Прилеп е Методиј Зајкоски , кој купил три лоза ТВИНГОМАНИЈА од продажното место ДЕНЕСА , кое е во близина на Градежниот Факултет во Скопје. Среќата му се насмеала на Методиј , во моментот кога го гребел последниот , од трите купени лоза. Кога ги здогледал трите заштитни знаци на RENAULT , сфатил дека ќе вози нов автомобил , РЕНО ТВИНГО, а на среќата и немало крај.




