2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧленовите на пензиските друштва да ги ажурираат податоците

Членовите на пензиските друштва да ги ажурираат податоците

пензиски

Сите членови на пензиските друштва, НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје и КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, кои имаат промена во своите лични податоци, потребно е да ги ажурираат, за да ги добиваат редовно годишните известувања од пензиските друштва.

За ажурирање или корегирање на своите податоци, членовите на пензиските фондови потребно е да се обратат во пензиското друштво кое управува со пензискиот фонд во кој членуваат и да пополнат – Барање за ажурирање или корекција на лични податоци.

Од почетокот на 2015 година се воведе новост со која што се овозможува на членовите на пензиските фондови преку електронски систем на интернет страницата на пензиските друштва, да ги ажурираат/корегираат своите лични податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП