22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПлатите во Британија конечно растат

Платите во Британија конечно растат

@

Платите во Британија во три месеци заклучно со јули пораснале со најголема стапка за последните шест гoдини, покажаа податоците на британската Канцеларија за статистика.

Платите, кога ќе се исклучат бонусите, пораснале за 2,9 проценти на годишно ниво во период од три месеци заклучно со месец јули, што е најголема стапка на раст од февруари 2009 година, наведува ONS, а пренесува Франс прес.

Во меѓувреме, стапката на невработеност во Британија е намалена на 5,5 проценти во споредба со 5,6 проценти во период од три месеци заклучно со јуни, кога бројот на невработени порасна за 10.000 на 1,82 милиони луѓе, наведува ONS.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП