12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа годишно фрла 22 милиони тони храна

Европа годишно фрла 22 милиони тони храна

Market KROP

Европскиот парламент ги повика земјите од ЕУ што е можно наскоро да донесат закон кој ќе им овозможи на супермаркетите непродадената храна да ја даваат во хуманитарни цели, наместо да ја фрлаат.

Иницијативата, која сега се прелеа на Европската унија стартуваше во Франција и тоа од локалниот советник Араш Дерамбарш, кој на почетокот бил згрозен од лошите сцени со бездомниците кои секојдневно пребаруваат по контејнерите. Тој ја собирал фрлената храна од супермаркетите и ја делел на загрозените, а потоа стартуваше петиција за донесување на споменатиот закон, која имаше неочекувано голем одзив.

Францускиот парламент на почетокот на мај го изгласа законот според кој трговските ланци не смеат повеќе да ги фрлаат и уништуваат непродадените прехрамбени производи. Супермаркетите во Франција (сите продавници поголеми од 400 квадарати) непродадената храна, која и натаму може да се јаде, според новиот закон, мораат да ја поклонат на добротворни организации, а оној дел кој не е за исхрана да се преработува за храна на животни или за земјоделско ѓубриво.

Во ЕУ годишно се фрла околу 22 милиони тони храна која може да се јаде, покажа една студија на истражувачкиот центар на Европската комисија која заклучила дека 80 проценти од тие нимирници можело да се зачуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП